Tuesday, September 15, 2009

Пиволенд 2009!!!





Драги пивопијци,
Ве информираме дека овогодинешното издание на ПивоЛенд, ќе се одржува во периодот од 17 до 20 Септември 2009, на истата локација како и минатата година, со мало проширување на просторот.

Оваа година одлучивме да ја збогатиме програмата на фестивалот, па затоа просторот на фестивалот, покрај платото пред Тврдината Кале, ќе го опфати и платото пред Црквата Св. Спас. Oвогодинешниот Пиволенд се состои од MAIN STAGE, DANCE STAGE, SILENT PARTY,
ETHNO STAGE, DRINK’N’SIT ZONE, TIME ZONE, CINEMA и ИГРОТЕКА ЗА ВОЗРАСНИ.
И оваа година, БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ!

И покрај големите трошоци за продукција на фестивалот, сепак и оваа година организаторите
успеаа да го направат влезот на Пиволенд бесплатен. Забавувајте се и не заборавајте,
ОСТАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ВОЗИЛА ДОМА, ДОЈДЕТЕ ПЕШ!





За фестивалот...


Како што веќе напоменавме, овогодинешниот Пиволенд се состои од MAIN STAGE, DANCE STAGE, SILENT PARTY, ETHNO STAGE, DRINK’N’SIT ZONE, TIME ZONE/СРЕДНОВЕКОВЕН ФЕСТИВАЛ, CINEMA и ИГРОТЕКА ЗА ВОЗРАСНИ.

MAIN STAGE

На Main stage на ПивоЛенд 2009, настапуваат повеќе од 30 артисти меѓу кои најзначајни се големите Stereo Mc's од Велика Британија, Dubioza Kolektiv и Vuneny од Босна, Psihomodo Pop од Хрватска, Atheist Rap од Србија, Popa Sapca од Романија, како и нашата оригинална и единствена Есма Реџепова.




antenna 5: SILENT PARTY

Да, silent party. Не ви е јасно? Е, па еве вака: има пулт, има диџеј, има место за шизење и секако луѓе желни за добра забава, но наместо моќни звучници за секого има пар добри слушалки! Досетливо, нема што! Како идеја за првпат се појавува во далечната 1969 во еден научно-фантастичен фински филм (Time of Roses), а за првпат во реалноста идејата е икористена во 90-тите на минатиот век од страна на екоактивисти кои го искористиле вој концепт за да можат да се забавуваат, а да не го вознемируваат локалниот див свет. Во 2005 година концептот се појавува и на познатиот Glastonbury Festival, поради рестрикциите во однос на гласната музика. Оваа година со Silent Disco можеа да се забавуваат и посетителите на EXIT Festival во Нови Сад, а во комбинација со 3D Disco беше дел и од овогодинешната програма на веќе споменатиот Гластонбери фестивал.


Напомена: Од хигиенски причини, секој што ќе сака ТИВКО да се забавува, ќе мора да си купи навлаки за слушалките на самиот влез на SILENT PARTY по цена од 100 денари. Овие навлаки остануваат во сопственост на забавувачот и истите ќе може да ги користи во текот на сите четири дена на фестивалот. За секој оштетен или изгубен пар слушалки , казната е 60 евра .
at the CINEMA...

За сите оние што сакаат да го посетат Пиволенд, но истовремено сакаат и да ги следат преносите на натпреварите Еуробаскет 2009 во Гданск, Полска во периодот од 17-20 Септември, организаторите на Пиволенд подготвија т.н. Cinema Stage, т.е. место каде што ќе
може да се ужива во атмосферата на Пиволенд, но и да се следат натпреварите. Освен за љубителите на кошарката, Cinema им нуди забава и на љубителите на добрите филмски класици. Имено, во Cinema ќе може да се проследат и низа одлични филмски остварувања, секако со чаша добро пиво и залак вкусна храна.

Повеќе информации за Еуробаскет Полска на:
http://www.eurobasket2009.org/

ИГРОТЕКА ЗА ВОЗРАСНИ!!!

Покрај добра музика и голем избор на пива, фестивалот нуди уште една можност за забава на големите деца - ИГРОТЕКА ЗА ВОЗРАСНИ!!!!! Оваа година, на навистина интересен начин посетителите ќе можат да се забавуваат со игрите: Beerpong, Фудбалче, Шах, Табла, Буткање на рака, Коцки/Рулет, Трепнеш-Губиш, Рекордери, Пикадо, Не лути се човече и слично! Тука нема да ставам фотографија, туку само ќе напоменам дека:
Влоговите се пиво, добивките се ПОВЕЌЕ ПИВО!!! :)

СРЕДНОВЕКОВЕН ФЕСТИВАЛ/TIME ZONE/DRINK n' SIT ZONE заедно со ETHNO/WORLD MUSIC STAGE


Средновековниот фестивал (TIME ZONE) кој за првпат ќе биде промовиран во склоп на ПИВОЛЕНД 2009, има за цел да прерасне во еден интерактивен, мултимедијален културолошко-историски спектакл кој ќе ги претставува и промовира традиционалните и културните вредности на Скопје и Македонија. Ова издание се стреми да му даде уште една интересна димензија на Пиволенд и директно и под отворено небо да ги прикаже позитивните вредности на цивилизациите кои се испретплетуваат и ја градат специфичната средовековна традиција, почувствувана во симулирани услови на средовековниот пазар, надополнет со средовековна естетика, амбиент и социо-културни активности на жителите од тоа време,
вклучувајќи ги и средовековните музички и танцови перформанси.


DANCE STAGE

На Dance stage оваа година ќе можете да ги слушнете Aleksandar Gavrovski, Mirko Popov, Robotek, Slave/Game Over, Space Is The Place, како и Mastafarizam Sound System, Rootboy, и Rasta Girl.


Собрано од тука

Уживајте!

1 comment:

  1. BRAVO DECKI STVARNO SE POTRUDIVTE!!USTE I VREME DA NE POSLUZI KE SI POMINEME NAVISTINA SUPER!!

    ReplyDelete