Thursday, July 4, 2013

СКОПСКО ЛЕТО 2013

Многу сакаме Скопско Лето. И манифестацијата, а богами и ова, 2013-то, ич не не пече и не не малтретира како лани.
Назад на Скопско Лето 2013, битни работи за споделување:

Скопско лето 2013 заедно со Радио МОФ го подготвува настанот „Мое Скопје“, кој ќе биде целовечерен настан проследен со неколку изложби и музика. 

Настанот има за цел да ги повика скопјани со своите приказни, дела, фотографии или разни други изработки да го прикажат Скопје какво што тие го сакаат. 

Изложбата ќе се одржи на 13 јули  во Сули Ан. Настанот e поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и ќе биде дел од програмата на Скопско лето 2013.

Чекаме информации за настаните на Скопско Лето и ќе ги објавиме тука.
Во меѓувреме, сите кои имаат идеја или начин да го разубават или збогатат репертоарот на Скопско Лето 2013, може да ги исконтактираат на info@radiomof.mk


Пријатно Скопје на сите!


No comments:

Post a Comment