Monday, September 7, 2009

Совети за паметни мажи (од жена, се разбира)

- Ако заспиеш пред телевизор, НЕ гледаш филм. Тоа значи дека јас можам да сменам канал и да гледам Опра или да си пуштам ДРУГ филм, а ти не треба да се дереш коа ќе се разбудиш 2 саати покасно да вратам - затоа што гледаш филм.
- Ако ти речам „готова сум за 5 минути“ не значи дека треба за 3 минути да земеш клучеви од кола и да застанеш пред врата спремен. Значи дека треба да си најдеш занимација додека да се доспремам и додека да проверам дали се пеглата за коса, шпоретот и сите чешми исклучени и дали се прозорите затворени.

- Ако не сме се чуле несвојствено долго време и ако ти ѕвонам упорно, ЈАВИ СЕ, затоа што свашта ми паѓа на памет. Не, не мислам дека се работи за друга жена и да, знам дека ме сакаш. Само едноставно, помислувам дека си одлетал во провалија или дека некој те киднапирал, без разлика што си возрасен маж.

- Ако ти ѕвонам на работа, без разлика што сме се виделе пред работа и ќе се видиме после работа - имам причина. И јави се, за да ти кажам!

- Не туку се нервирај кога се грижам за тебе кога си болен и кога досаѓам околу тебе. Жените имаат вграден чип кога некој околу нив не се осеќа баш најдобро - да се грижат за него и да измислуваат 101 начин како да му биде подобро. Па што ако си голем маж. Кашлаш и ќе пиеш апче јас што ќе ти го дадам. Мажите кога ќе пораснат не им растат и моќи за себелечење.

- Ако имам другарки на гости и сме бучни и раскрекани, немој да даваш лоши коментари, немој да го бираш точно тој момент да бидеш балканец и немој да бегаш главом без обзира. Биди паметен, шармантен, пристоен затоа што секоја жена сака да и кажат дека мажот покрај неа е прекрасен.

- Ако добијам порив да ја средам кујната или да потсредам нешто по станот, НЕ значи дека веќе планирам како ќе го правам тоа во нашиот ЗАЕДНИЧКИ стан. Не значи ни дека сум помислила на заеднички стан. Значи дека е растурено и дека ме нервира.

- Знам дека сум убава, ама потсети ме.

- Ако сум нервозна или тажна и ако ти кажам дека „не знам што ми е“ НЕ е дека сакам тебе да ти текне што ми е, и дека нешто си згрешил. Јас СТВАРНО не знам што ми е. И ќе ми помине.

- И јас тебе не те сфаќам понекогаш.

- Сексот МОЖЕ да изгледа како на филм. Само треба да се потрудиш да го извлечеш тоа од мене.

-Ако ми се случи нешто непријатно во јавност, не ми се смеј. СРАМ МИ Е, ЖАЛИ МЕ! И биди озбилен.

- Ако нешто не ти е јасно, прашај.

- Ако пак не ти е јасно, пак прашај.

- Понекогаш сакам да се бакнувам. Озбилно.

- Знам дека си маж. Добро.

No comments:

Post a Comment