Saturday, September 5, 2009

Еден обичен впечаток од Козле...

Веќе долго време сум без инспирација. Меѓутоа, некои работи го инспирираат и најтврдиот човек. Ќе бидам кратка. Ми снема цигари, продавницата ми е далеку, натнав некои фармерки и тргнав да пропешачам до најблиската трафика. Колку сум благодарна што патот до трафиката водеше низ една од малите улици на Козле... Одејки, си ја заборавив целта и се препуштив на опкружувањата, не забележувајки дека имам наплив на инспирација за уживање...

Козле мириса на лето. Мириса на смокви, на свежо исечена лубеница и на штотуку измиен двор. Мириса на мокра улица од домаќинско миење кола, а се слушаат комшии како си довикуваат „Добар ден!“ од еден двор, и комшики на кафе седнати во друг двор. Во оваа прекрасна разноликост, паралелно се паркирани стара „Лада“, „Фичо“, „BMW X5“, „Мазда 5“ и „Југо“. Некаде мириса на задоцнет ручек за сопругата која во 5 се враќа од работа, а од друг правец се слушаат радосни извици на првите деца кои излегуваат да си играат после ручекот. Во еден ист комшилук се здружени стари бараки, прекрасни нови семејни куќи, стари кули со изветвена фасада и нови мали модерни зградички. Дворовите шират ладовина низ населбата, а паркинзите во ова попладневно време се смирени и служат за возење точаци и ролерки. Топлото станува поподносливо и веќе се зафаќаат клупите во паркчињата од најразличен народ, некаде пензионери играат шах, некаде се состануваат дечко и девојка, а некаде деца се менуваат со сликички...

И сево ова да го види човек на едно обично кратко патување до трафика?
Додека го пишувам ова, си мислам, ќе го прочита некој и ќе помисли дека е измислено, дека е накитено... Како да е понормално дека вакви работи веќе не се случуваат во овој метеж и трчање низ животот. А сепак, не е, многу е реално, го видов, баш денес. И ми текна. Мојот град сеуште си го крие мирот во тивките населби како оваа. Не го пуштил да избега некаде, и сеуште им дава топлина и чувство на припаѓање на своите луѓе.

А, да. Купив цигари, и не сум мислела дека една кутија цигари може да му биде драга на човек.
Мислам дека е јасно зашто.

13 comments:

  1. Животот во нашето Скопје сам по себе носи неопислива инспирација, се што е потребно е да има луѓе како нас, за да ги видат малите убавини... оние мали ситници кои го прават животот поубав, оние за кое мислевме дека одамна не постојат... но сепак треба само еден добар топол поглед кон животот за да се видат неговите убавини, како оние на нашето Скопје :)

    ReplyDelete
  2. Super. Dobroe site da gi podotvoraat ocite, usite i setilata i da gi zabelezuvaat ZNACITE po patot...

    Od edna Lile - damnesna vljubenicka vo staro Skopje

    ReplyDelete
  3. A sto da se kaze za CAir. Povikajte Caircani da si progovorat za svoeto staro maalo

    ReplyDelete
  4. ...nema zoshto da ne ti veruvam deka ne postoi toj moment ziveam vo kozle i tochno znam shto opishuvash taka e skoro sekoj den :)

    ReplyDelete
  5. ne e deka momentot ne postoi,samo lugeto zaboravaat da go fatat...

    ReplyDelete
  6. ne e izmislena , realna slika za simpaticnata naselba vo koja stotuku se doseliv i uzasno mi se dopaga :)))) ustvari skopje e pooolno so vakvi mali slatki katcinja koi retko covek gi primetuva i uziva vo niv.... sepak skopje e ubav grad <3 pozdrav imajte ubav den !

    ReplyDelete
  7. одлично, ми верувате :)

    ReplyDelete
  8. cel mesec ja gledam Ilindenska,od vladata do fontana,zemjata se tresese,prasina vo precnik od 500m,iseceni drva,po nekoe ostaveno mlado,ne e jasno zosto gi isekoa starite koga bul.ne se prosiruva,bar taka e kazano.Problem so parkiranjeto,nervoza kaj vozacite,no na povidok e zavrsnica,dali ke bide poubavo,asfaltirana ulica?mislam deka podobro nema da bide,pak ke pocne da propaga,ke se sozdadat brzo dupki i neravnini.No toa ti e Skopje sakas da zivees vo Centar.Interesno e vo dvorot imam smokvino drvo polno so plodovi,no ne osekanikakov miris,mirisot na smokva e koga se pravi slatko i toa zeleni,sepak vo kozle moze da nekoi pravel i dzem,toa lubenicite ne gi sakam,pravat problemi vo kontejner koj ne e sobran nekolku dena

    ReplyDelete
  9. Nema sto da ne ti se veruva bidejki i jas sekoj den koga pominuvam po ulicite na mojata naselba Kozle se zagleduvam po okolnite dvorovi i se zamisluvam kako e mozno tolku mirno da se zivee i da se uziva vo zivotot bidejki neli sepak ziveeme brz zivot i trcame sekoj den navamu natamu...a sepak po pat nakaj doma gledam stari baba i dedo koi sednale ... Прочитај повеќеna terasata do barakata i go posmatraat zivotot okolu niv i taka mirno zaedno si ja pominuvaat starosta,.... iii ... duri razmisluvav za niv jas veke stignav doma voodusevena i zadovolna od samiot zivot i od pozitivnata okolina vo koja ziveam.KOZLE e edna od najubavite naselbi vo Skopje.Posetete ja,nema da zazalite.

    P.S. A smokvite sekoe leto edvaj cekam da uzreat vo mojot dvor pa da sednam na terasa i so slast da gi jadam.

    Pozdrav do site skopjani

    ReplyDelete
  10. Козле е ако не и последниот мохиканец,населбата која не ја уништија новиот крем на градежништвото,каде што народот е пријате,каде комшиите не се олоши,каде децата не се напнати...Но сепак секоја населба ма каква била си го има тој некаков чуден шмек,како и целиот град.Ма каде одел и што правел кога ќе се вратам градов некако ме полни со енергија,ми го дава тоа што го сакам тоа што ми треба...кип ап д гуд ворк!

    ReplyDelete
  11. Me voznemiri tekstov...kolku se saka rodniot grad..kolku se saka Skopje!Toa sarmot na ovaa t.n metropola koja ni oddaleku ne nalikuva na onie svetskite.A i ne treba da nalikuva,tokmu toa go pravi poseben ovoj grad.Ova e domakinski grad,topol i prijaten koj so rasireni race go pregrnuva sekogo...i star i mlad i dojdenec i starosedelec...Skopje se saka od se srce...

    ReplyDelete
  12. дај среди ја малку странава многу е тапа

    ReplyDelete
  13. Ziveev vo Kozle okolu 29 godini, toa bese najubavata naselba vo Skopje , so navistina mali baraki so ubavo sredeni dvorovi i tipicen skopski maalski zivot. Naselba vo koja sekoj sekogo go pozdravuvase i pocituvase. Za razlika od komentarot na еден блогер jas ne se soglasuvam deka Kozle ne e siluvano od noviot krem na gradeznistvoto i gradeznata mafija , na mestoto na barakite so sredeni dvorovi niknaa zgradi od po nekolku kata (nikogas pomalku od P + 2 + P), lipite vo gradinkata gi isekoa zatoa sto mu smetale na nekoj g-din, a dexata poveke ne igraat edni so drugi dokolku ne se isto situirani nivnite roditeli ( vo moe vreme ne bese taka) I edna mnogu bitna rabota site dosegasni gradonacalnici na opstinata Karpos ne najdoa za potrebno vo Kozle na potegot od tumbata do crkvata sv. Jovan Krstitel da postavat poveke od 3 (tri) kanti za otpadoci

    ReplyDelete