Monday, September 7, 2009

Старите маала во Скопје

Скопје како главна раскрсница на Балканот, поврзана преку трговските патишта со Блискиот и Средниот Исток, со земјите од Медитеранот и Јадранското Море, со земјите на Средна и Западна Европа, не било само место за транзитни етнички преселувања, туку и собиралиште на претставници на различни народи и етнички групи што придонело градот да стане повеќенационален.

Во Скопската Котлина која со својата централна географска положба на Балканот претставувала крстопат на важни патишта, во минатото имало значителни и разновидни преселувања на населението.

Миграционите движења биле од пошироки размери, вонбалкански, балкански, но и од локален карактер, односно село - град и обратно. Овие миграциони движења оставиле суштествени траги во бројноста и етничката структура на населението, во урбанистичкиот облик на градот, во топомастиката и ономастиката на скопските маала, улици и лични имиња.

Од вонбалканските земји во Скопје се доселиле османлиските Турци по кои подоцна се доселиле и други несловенски народи - Роми, Черкези, Татари, Ерменци и др.

Анализирајќи ги личните имиња и потеклото на старите муслимански фамилии во Скопје во 1931 година, Глиша Елезовиќ констатира дека во тоа време во градот постоеле 25 маала со турско население, како што биле Гази Менташ, Даби Шахин, Ине Бег, Исхакија, Кара Капуџи, Хоџа Верди и други.

Османлиското владеење оставило видни траги во сите сфери на животот и во изгледот на градот. Според тоа, градот Скопје попримил многу ориентални карактеристики.

Преселувањата на населението на Балканот во однос на Скопје можат да се поделат на надворешни, од соседните земји и внатрешни, односно преселување на населението во границите на Македонија и доселувања во Скопје. Како конкретен пример од првиот тип на надворешни миграции се доселувањата на население во Македонија и Скопје од Албанија (Арнаути, Власи и други), од територијата на поранешна Југославија (Срби, Арнаути и други народи), од Бугарија (Бугари и други народи), од Грција (Грци и Македонци).

Како последица на доселувањето на население од етничките предели во Македонија и нивно концентрирање во одредени делови на Скопје, тие делови од градот добиле имиња на местата од каде што се доселиле лицата - на пример Дебар маало, Карадаг маало и слично.

Ваквото групирање на доселениците во Скопје давало можност тие да ги сочуваат своите основни етнички белези, како на пример, носијата, народното творештво, дијалектните јазични особености и слично, но и да се прилагодат во новата средина.

Освен надворешните и внатрешните миграции, одредена улога во формирањето на скопските маала, улици и делови на градот, исто така, одиграле локалните преместувања на населението во границите на Скопската Котлина, односно оние миграциони движења од типот село-град и обратно, како и преселувањата во самиот град.

Доселените селани во градот продолжувале да се занимаваат со земјоделството. Така, во Скопје настанало Ново маало или како уште го нарекувале Чивчи маало (од турскиот збор “чивчија”, т.е. земјоделец).

Внатрешните преселувања на населението во Скопје биле релативно честа појава што несомнено се одразило и на етничката и на урбаната структура на градот. Причините за ваквите преселувања биле од различен карактер, но најчесто тие биле од стихијна природа, по сопствена иницијатива на одделни семејства или родови. Освен тоа, преселувањата биле поврзани со посебни настани, како на пример, репатријацијата на етничките Турци, депортацијата на Евреите и слично. Друг пример за внатрешни преселувања претставуваат Циганите “барутчии”, кои често го менувале своето место на живеење.

Ваквите и слични преселувања на населението придонесувале за промена и проширување на одделни скопски маала. Така, жителите на Маџир маало се префрлиле на другата страна од железничката пруга долж патот кон Лисиче и Драчево и тој дел се нарекувал Хамдије.

Внатрешните преместувања на скопјани имале и друг карактер. На пример, Дебар маало го населувале жители од стариот дел на градот. Причина за тоа било подмирување на одредени долгови, бидејќи со парите добиени од продадената поскапа куќа во постариот дел на градот, тие можеле да го исплатат долгот, а благодарејќи на пониските цени на земјиштето на периферијата на Скопје, можеле да купат нов поевтин плац за градење на нова куќа. Сигурно дека ваквите преместувања влијаеле на етничкиот состав на одделни маала во Скопје.

Голем дел фамилии и родови доселени во Скопје ги сочувале своите изворни презимиња, а некои, пак, во новата средина добиле ново презиме според местото од каде што дошле. Така, на пример, Јован Кратовалиев, угледен скопски трговец, своето презиме го добил откако се доселил во Скопје од кратовското село Шлегово. Фамилијата Зеленикови (Зелениковци) своето презиме го добиле по името на селото Зелениково, од каде што се доселиле во Скопје.

Од селото Љубен во Скопје се доселиле фамилиите Божиновци и Љубинци. Во Влае живееле македонските родови Цинцарови (12 куќи) кои своето родовско презиме го добиле по нивниот предок кој потекнувал од Крушево, каде што живееле Власите-Цинцари. Одговор на прашањето како доаѓало до формирање на ваквите презимиња дава Бранислав Русиќ, кој забележува дека во Македонија постојат неколку видови на презимиња : едни, во зависност од наставките со кои се образуваат со “-овци” и “-ци” (Милановци, Петревци и други), потоа презимиња од лични имиња (Марко-вски-вци), како и друг вид на презимиња изведени од прекари. Староседелците секогаш им давале прекари или презимиња на новодојдените врз основа на називите или пределите од каде што се доселиле или според имињата на народите или етничките заедници на кои припаѓале, а некои добивале презимиња врз основа на личните, телесните или психолошките карактеристики (Кривошиовци, Чесновци). Многу презимиња биле добиени според занаетите што ги работеле (Амаловци, Безирџиовци).

Во периодот помеѓу двете светски војни административната поделба на населението во Скопје на одделни маала на левата и десната страна на реката Вардар била затекната од минатиот век. Така, на левата страна на реката Вардар се наоѓале: Пајко ( Ибни Пајко) маало, Карадаг маало,Чаир маало, Топаана или Топхана, Чивутана или Еврејско маало, како и маалата Хаџи Хајредин, Хаџи Хурем, Мујкудин Челеби, Џедит Иса бег, Тешвекије и Ново христијанско маало. На десната страна биле лоцирани Гази Менташ маало, Хаџи Салаледин (Алаџа Селаледин) маало, Чивчи маало, Хараџи Селаледин (Ново) маало, Вардар или Мухаџир маало, Хамдије маало. Трагите од минатото на Скопје се забележливи, така што во поновите планови на градот се спомнуваат старите имиња на маалата, како што Киришана, Барутана, Маџир маало, Стара Бирарија, Тахтаилиџе итн.

За маалата и улиците се употребувале старите имиња, Киришана (Авијатика), Буњаковец, Барутана, Еврејски гробишта, Влашко маало (Чифлик, Нова Банка), Елашица (Дебар маало), Долно Водно (Државна Болница), Железничка колонија (фабрика Треска), Ислаана (Офицерски Дом, Градски Парк), Кисела Вода (Каменолом) итн. Во 1928 година Скопје било поделено на 18 реони и маала. Буњаковец, Тахтаилиџе и Дебар маало биле уредени и новоизградени, благодарејќи на заемите што ги давала Хипотекарна банка за изградба на куќи. Според одлуката на Општинскиот одбор на градот Скопје во 1934 година имало “пошироки и потесни граници на градските реони и план на скопските маала.

(Собрано од тука)

10 comments:

  1. Bravo Skopje City ..mnogu si aktivno ...
    Sega prv pat procitav deka Novo maalo bilo Novo hristijansko maalo ... Sigurno se raboti za istoto maalo ..
    Viki

    ReplyDelete
  2. od Evrejsko maalo sum tamu sum rodena kukjata ni bila odma do teatarot imam nekoi sliki od mala slikana megju sokacite e taa ubavina sega ja nema po zemjotresot od kale od satori ne selat vo Gjorce Maalata vo Skopje bile ubavina a ova sto sega go procitav tolku me vozbudi sto nemam zborovi kako da opisam cuvstvo na sreka i radost i blagodaram na toj sto se setil da go napravi blogov za naseto prekrasno staro Skopje.

    ReplyDelete
  3. predhodniot komentar e moj uste ednas blagodaram za ubavinata sto ja vidov i procitav

    ReplyDelete
  4. gord sum sto ziveam vo topaana(tophxana)posle tolku vreme doznavam za nekoi raboti za topaana

    ReplyDelete
  5. Roden sum vo Madzir Maalo (Muhaxhir maalo, prev.: Maalo na dojdencite). Mojot pradedo imal kuka i avlija (dvor :)) vo Tesvekije Maalo. Vo '75 se selime vo Ibni Pajko Maalo pa vo Karadag......
    Interesno e kako mnogu malku od Skopjanive gi znaat maalava.
    No eve edno ogromno BRAVO na Skopje City sto sepak se trudi da gi informira gragjanite kade vsushnost ziveat. Sekoja cest!

    ReplyDelete
  6. Evrejskata familija Blazevski od Civut maalo (stari evrei) seuste se sekavaat na staro Skopje

    ReplyDelete
    Replies
    1. Vo Evrejskoto maalo imase mnogu familli koj bea poznati zanaetcii fam Blazevski, PCohen, Tamor itn

      Delete
  7. Vo evrejskoto maalo ziveeva poznati familii kako Jacob Cohen , Blazevski, Isak Sarfat, Adelman,

    ReplyDelete