Friday, July 19, 2013

Добротворен крикет натпревар во Англија за нашите глуви спортисти!

Ова можеби и не е тесно поврзано со Скопје, но нас ни е инспиративна приказна што решивме да ја споделиме. Неодамна на Фејсбук објавивме дека на Олимпијадата за глуви и наглуви во Софија оваа година испраќаме наши спортисти што ќе не претставуваат најдобро што можат.

Во рамки на организацијата, координаторите секако наидуваат на пречки што постепено ги надминуваат со оглед на тоа што спортот на глувите е доста неразвиена ствар во Македонија, но сепа, денешнава наша приказна лежи тука:
Од човек на човек, неколку пристојни господа во Англија, кои секој викенд, на неочекуваното топло лето што ги снашло, играат крикет, дознаваат дека нашиот Олимписки тим на глуви се соочува со пречки во остварување на своите спортски цели, и највеликодушно се нудат следниот натпревар да го изиграат во нивна чест. Уште и поради воодушевувањето на еден од играчите кој бил во Македонија, решаваат своите тимови симболично да ги наречат „Скопје“ и „Охрид“, а собраните средства да им ги префрлат на нашите спортисти, кои, како што пишува на нивната Фејсбук страница ќе ги искористат на понатамошните патувања и подготовки во нивната спортска кариера.

Да се живи и здрави овие отмени господа, а на нашиве деца им посакуваме најмногу среќа на Олимпијада во Софија!

No comments:

Post a Comment