Thursday, May 23, 2013

Sk 02: Фото-блог за Скопје

Многу не радува кога наоѓаме луѓе што успеваат да го доживеат духот на Скопје. Така, Алекс Спасов решил да отвори фото-блог на Фејсбук каде што ќе ја преточи неговата љубов кон Скопје и ќе ја претстави неговата разбирачка со Градот, онаков каков што е, со сите свои современи страни и убавини.

Во целиов хаос кога духот на Скопје е сокриен зад горчината на неговите жители од најразлични причини, Алекс Спасов успева да го долови неговиот светски лик, обрнувајќи внимание на ситните, но неверојатно важни детали, што некако ги забораваме, а го прават град и метропола.
Алекс има 34 години, од Аеродром е и фотографијата го влече од мал.
И вака вика:



„Најбитно за било кој град - Скопје има душа. 

Преку фото-блогот сакам да ја прикажам токму таа енергија на градот. 
Луѓето, социјалната интеракција, навиките, архитектурата, настаните и се она што е дел од 
нашиот град. И сето тоа низ едно позитивно лично видување.“


Еве линк од блогот, кога ќе ви се смачи од Скопје какво што го гледаме по дневните весници и портали, можете да го видите тука.

No comments:

Post a Comment