Thursday, May 23, 2013

Конкурс за избор на фотографија од Скопје

Сега сите прекрасни луѓе што ни испраќаат фотографии на Фејсбук можат конечно да добијат и признание за тоа.
Распишан е конкурс за најдобра фотографија од Скопје. Затоа изберете го вашето најубаво дело, каде што сте ги доловиле убавините на Скопје и Градот ќе ве награди.


Макфакс известува за деталите:

Конкурсот почнува денеска и ќе трае 15 дена од денот на објавувањето, а на него можат да се пријават професионалци, аматери и ученици.

Според пропозициите, мотивите на фотографиите треба да се од Скопје, да се достават минимум 10, а максимум 50 фотографии со различни мотиви од Скопје, по избор на доставувачот на фотографиите, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии, да бидат во дигитален jpg или друг формат, со висока резолуција, а фотографиите да не бидат постари од пет години.

Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија, односно:
Првата награда изнесува 50.000 денари, втората 40.000 денари и третата 30.000денари.

Со среќа ;)

No comments:

Post a Comment