Monday, May 27, 2013

Скопје мириса на кафе!

Конечно пак дојде ред да се прослави скопската фраза „ај на кафе“.
 
Скопјани пијат кафе како споулавени. Ни се чуди цел свет, како тоа ние работиме преку ден, а кафичите се полни. Но, кафето чуда прави.

Скопје има можност да го слави овој боговски пијалок од 13-ти до 16-ти јуни, значи Coffee Fest  2013 се ближи, а ние - пресреќни!

Како и лани, ветуваат одлична атмосфера, а ние покрај тоа што ќе сркаме кафе, ќе можеме и да бидеме сведоци на Второто државно првенство за најдобар бариста.
Памтам дека лани имаше многу, многу супер кафиња, што е нормално кога ќе се соберат мајстори за кафе и квалитетни зрна на едно место, па Скопјани ќе можат да поуживаат и да се гордеат што Градот им е домаќин на еден ваков фин настан.
Локацијата е повторно АБЦ.

Ние се спремаме уште од сега.

Повеќе информации можете да видите на фејсбук-страната на Coffee Fest Skopje.

No comments:

Post a Comment